Најавени протести во Париз, Берлин и Брисел за поддршка на Бугарите во Македонија

 

 

Дури во три европски престолнини се планираат студентски протести поради дискриминацијата на Бугарите во Македонија, објави бугарскиот портал „Стандарт“.

Ова, според порталот, го соопштил Живко Чаркчиев, претседател на Иницијативниот комитет за заштита на правата на човекот. Првиот протесет наводно ќе се оддржи во Берлин на 29 ноември, потоа на шести декември во Париз и конечно на 16 декември во Брисел.

-Имам многу пријатели во Македонија кои се срамат да зборуваат за проблемите како што се слободно изразување на бугарскиот идентитет. Има и драстични нешта, како на пример забрана на бугарските весници, забрана да се слуша бугарска музика, дури и да се зборува со роднините од Бугарија. Нашата претензија е јасна, ако сака Македонија да стане член на ЕУ, мора да се обрне повеќе внимание на случувањата таму и да се инсистира на мониторинг околу заштитата на правата на човекот. Тоа што се случува во Македонија, не е во склад со ЕУ – појасни Чаркчиев.

Според него, интелектуалците и политичарите во Бугарија работат во насока на добри односи со Македонија, но „од политичка гледна точка, некои нешта не се поправаат“.

-Како претставници на младината и на патриотите сакаме да се знае дека не не интересира што се случувало во историјата. Тоа е многу важно, но ако почнеме да се расправаме за историјата нема да постигнеме ништо. Македонија еден ден треба да стане членка на ЕУ, но нека стане на европски начин. Секој што не е согласен со слободното постоење на Бугарите таму, треба да знае дека така нема да може – објасни Чаркчиев.

18.11.2021 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега