Непознато лице украло трамвај во Загреб, го управувало и го оставило

 

 

Непознато лице, синоќа, украло трамвај во Загреб, го возел околу Трешњевац, каде што го оставил и заминал во непознат правец.

„Синоќа, нешто пред 23 часот, непознат сторител украл нископоден трамвај, кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата Тратинска, каде што го оставил возилото и заминал во непознат правец“, соопшти ЗЕТ за хрватскиот портал „Индекс“.

Во трамвајот за тоа време немало патници, во инцидентот, велат, нема повредени, а возилото не е оштетено.

Полицијата запленила снимки од видеонадзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е поведена внатрешна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.

07.04.2023 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега