Никола Груевски: Ослободете ги луѓето за 27. април и дајте им пари

 

Македонија во последните недели поминува низ периоди на колективни шокови пред се заради два настани на домашен план, напиша екс премиерот и бегалец во Унгарија, Никола Груевски.

„Смртта на Фросина Кулакова и на Игор Југ со право ја потресоа јавноста, не само заради околностите под кои дојде до тоа, туку и заради серија неправди случувани пред нивната смрт, а кои доколку не се случеа веројатно немаше да имаат ваков фатален крај.

Во првиот случај, случајот на загинатата Фросина, освен правда на суд за која во јавноста се зборуваше многу, потебно е промена на културата и навиките, а за тоа е потебна силна, многу силна превентива од страна на полицијата со силно и континуирано присуство на полицијата на теренот.

Овде во Унгарија толеранцијата на возачите за алкохол е нула. Кај нас беше 0,5 промили, па ние во нашиот политички мандат го намаливме на 0,3.

Но, клучното е во превентивата, односно во делувањето на теренот, оваа борба може да се добие само со постојано силно присуство на теренот ан полицијата со проверка на возачите за консумиран алкохол.

Тоа е поважно од било какви заострување на законските казни. Јас во минатото кога имав помало искуство верував дека превисоките казни ќе ги исплашат кримибалците. Како резултат на тоа владата која ја предводев и парламентарното мнозинство значително значително ги зголеми казните за предвидена затворска казна и псричните казни за различни кривични дела верувајќи дека тоа сериозно ќе влијае на одвраќање од сторување криминал. Се сеќавам тогаш искусниот министер за правда Михајло Маневски изрази резерва и не предупреди дека со предвидување превисоки казни, кои делумно беа многу над просекот во земјите на ЕУ, може да извршиме дерогирање на правниот систем, а да не ја постигнеме целта, но јас и некои други поведени од ентузијазмот за брз и ефективен успех бевме оптимисти и таа мерка стана дел од пакетот мерки кои ги превземавме. Се покажа, дека неговото искуство беше подобар прогнозер од нашиот ентузијазам за намалување на стапката на криминал, иако сето тоа не беше без ефект. Но ефектот не беше согласно нашите очекувања.
Затоа потенцирам дека спроведувањето на Законот и во овој случај превентивата преку масовни континуирани проверки на теренот на состојбата на возачите ќе даде далеку поголем ефект.

Во Будимпешта речиси секоја вечер, а особено во викендите низ улиците има масовна проверка на возачите за алкохол преку дување во апарат за тоа кој се вика Дрегер. Тие апарати се евтини а приверката брза.
Масовна проверка значи илјадници возачи во една вечер.
Во викендите на повеќе пунктови во градот цели колони чекаат на ред да бидат проверени дали пиеле алкохол пред да возат на клучните сообраќајници во градот, најмногу во поширокиот центар, но понекогаш и низ населбите надвор од попирокиот центар. И тоа чекање не е долго, во најлош станува збор за 1-2 мин, бидејќи повеќе полицајци го прават тоа истовремено и проверката заедно со воведот во кој полицаецот ве известува дека треба да ви изврши проверка за алкохол не е подолга од 20-30 секунди.

Полицијата е љубезна и има културно однесување. Брзи се. Не трошат време на непродуктивни разговори од типот “каде одиш” или “дали си пиел” или некакви малограѓански надмудрувања од позиција на сила. Не бараат никакви документи, возачки, лични карти и слично. Нормално тоа го прават ако има наод за консумиран алкохол, но на сите други не.

Во основа полицијата за разни поситни прекршоци некогаш казнува, некогаш само ги опоменуваат возачите за направен прекршок, но за алкохол и дрога нема милост. Тоа им е број еден и најважно во сообраќајот. И така спречувааат вакви ситуации.

И што е најважно активно се присутни на улиците особено во ноќните часови и особено во викендите и празниците. Многу активно.

Ако забележат мал знак на дрогираност кај возачот, а се добро обучени да ги препознаат тие знаци, веднаш следува проверка во болница.

Казните возење под алкохол или направен сериозен прекршок се сериозно одвраќачки за возачите свесно да ризикуваат: од високи парични казни, забрана за возење во месеци или години, до затворски за посериозни случаи.

Сеуште јас лично не сум запознал некој да вози, а да пиел претходно. Тоа не значи дека нема и такви, но веројатно се многу ретки.
Превентивата, големата активност на теренот на полицијата и високите казни кои нема начин да се избегнат ја имаат сменето културата на граѓаните.

Некој може да одлучи да ризикува, но висока е веројатноста навреме да биде спречен од полицијата, и така се спасуваат човечки животи.

Секој што планира да пие најчесто не излегува со кола која тој ја вози. Излегува или со такси, или со јавен превоз или можеби групно повеќемина во возило од кои сите можат да пијат таа вечер, но возачот не.
Постои и мошне развиена служба за оние возачи кои непланирано сепак ќе се напијат макар и малку алкохол. Се викаат по телефон и за одреден надомест го возат возачот дома со неговата кола, а се враќаат со друга кола која оди по неа. Тоа е и начин за заработка на некои луѓе кои не излегуваат таа вечер.

Не сум слушнал некој да негодува за овие правила и однос на државата. Сите со кои сум разговарал сметаат дела нула толеранција алкохол и силно присуство на теренот на полицијата со проверка за алкохол е нормална и добра работа.

Изразувам сочувство на семејството на Фросина за нивната ненадоместлива загуба.
Не е лесно и на семејството на момчето кое ја усмрти.
Но, потребни се промени и мерки да немаме други вакви случаи, кои колку што дознав од медиумите веќе во изминатите денови се случија, но не добија толку голем публицитет. И ќе продолжат да се случуваат ако нема многу полиција за проверка од алкохол на возачите и не губење време со банални работи при контролите.

Смртта на Игор Југ е голема трагедија од друг тип од оној на Фросина. Политичкиот прогон организиран своевремено од Зоран Заев, преку политички нарачано обвинение и пресуди веќе добива и човечки жртви.
Наместо најмногу за учество во толпа како што и самиот Игор Југ кажа во едно интервју, него и многу други ги осудија за кривично дело со кое немаат никаква врска: терористичко загрозување на уставниот поредок.
Со него и голем број други лица кои или не требало воопшто да ги судат, или ако веќе решиле да ги судат можеле најмногу и само за учество во толпа или дел од нив за насилство ако има докази дека такви нешто направиле. И кај насилството каде највисоката казна е 5 години затвор има градирање, па сите оние со помали последици можеа да поминат со условна осуда. Но не за тероризам каде се предвидени драконски затворски казни.

За случувањата на 27. април 2017 имам многу пати пишувано и апелирано луѓето да се ослободат и нема да се повторувам, освен што повторно ќе повикам итно да се најде соодветна правна форма да бидат ослободени.

Заев на почетокот по збиднувањата беше портретиран како некаква жртва заради лесните телесни повреди и психичката траума нанесена на 27. април 2017 година.
Со прогонот зад кој тој лично стоеше, со наметнатата квалификација која не е реална и вистинита и која заради политички и одмазднички мотиви им се накалеми на учесниците, кој и тогаш и сега мислам дека направија грешка со влезот во парламентот и дел од нив со тепањето (дел од нив и самите подоцна јавно го констатираа тоа), со заднинско влијание на Заев да добијат незаслужено високи казни како за тероризам, тој од наводна жртва стана џелат, а сега веќе, по смртта на Игор Југ и убиец.

Ако Игор Југ одговараше за учество во толпа, со обзир дека не постои доказ дека извршил физичко насилство, затоа што не извршил, и ако немаше политички мотивирано влијание на обвинителството и судот, како и насочување на медиумите блиски или под некакво влијание на СДСМ во тоа време, за да создадат атмосфера на линч на овие лица, Игор Југ веројатно ќе добиеше само условна осуда и немаше да биде воопшто во затвор, немаше да помине таква тортура и денес тој веројатно ќе беше жив и здрав, со своето семејство и ќе работеше некоја работа како и секој нормален човек.

Сите оние што се повикуваат на право и правна држава во овој случај, во смисла дека имало пресуди, дека имало судски систем, судски систем и слични фрази кои во случајот се без суштина, ќе ги потсетам дека живеат во држава во која од времето на Заев па наваму Македонија има обвинителство и судство со само 2% од можни 100% доверба кај народот, со катастрофални меѓународни отценки, со специјален јавен обвинител фатен во организирање рекет на осомничени, систем со купишта скандалозни и неправедни судски и обвинителски одлуки, и ве молам за право и правна држава во Макеоднија да не ми говорите.
Два проценти доверба значи дека на 100 луѓе во Македонија, само двајца сметаат дека тоа обвинителство и судство се правични, независни и затоа треба да им се верува, а 98 на секои 100 лица не мислат така, затоа што искусиле или на “своја кожа” или на “кожата” на некои блиски или познати дека тој длабоко компромитиран систем полн со корупција и политичко влијание не генерира правда, и носи неправедни и често не законски одлуки или политички мотивирани одлуки, кои некогаш се заради политичко влијание, а очигледно некогаш се и само-цензура на обвинителите и судиите или од страв или почесто со цел да му се допаднат на “владетелот”, со цел полесно да напредуваат, што укажува на огромен број обвинители и судии без интегритет или психолошка стабилност.
Ова е нешто во што во минатото не верував, но сега одкако го видов системот од внатре, точно знам за што станува збор.

Потоа на ист начин и по ист систем, во иста атмосфера, повисоките судови го потврдуваат тоа.

Сепак, во случајот со настаните на 27 април 2017 година, не станува збор за самоцензура туку за директно вмешување на тогашниот премиер Заев заради лична одмазда, политички реваншизам и со сета своја не зрелост со која влезе на функцијата верување дека е семоќен ако има власт, подршка од клучните актери во тоа време на меѓународната заедница заради извршеното предавство со попуштање на сите национални линии, дури и оние кои претходно не ни ги бараа, нашите јужно соседи.

Тој веројатно во моментот е многу горд на себе во овие денови кога според информациите започнува изградба на објект од 82 ката во Дубаи, инвестиција од над 600 милиони евра.
Најголем дел од парите за оваа инвестиција се проневерени преку масовниот рекет како никогаш во постоењето на Македонија и со злоупотребата на власта во времето на неговото владење, пари во готовина и потоа пренесени со приватен авион во Дубаи и ставени на банкарска сметка. Истовремено се подготвува и за нова голема инвестиција во една друга земја во Азија, охрабрен од помоислата дека ги решил сите прашања за негова неказнивост по сите можни основи.

Граѓаните на Република Македонија никогаш нема да се помират и ќе бараат одговорност за предавствата на националните интереси и организираниот криминал поврзан со канабис, тендери во енергетиката, во РЕК Битола, во Фармацијата за време на КОВИД кризата и воопшто за масовно раширената корупција и рекет како никогаш во историјата од осамостојувањето на Македонија

Но овој лажен верник, зол и алчен за пари човек, треба да знае дека носи на душа многу луѓе, меѓу кои и Игор Југ, дека злото што го направи во Македонија и на Македонците за да дојде до тие милиони и милијарди евра, мнозинството од граѓаните на Република Македонија никогаш нема да му ги заборават и ќе бараат одговорност за предавствата на националните интереси и организираниот криминал поврзан со канабис, тендери во енергетиката, во РЕК Битола, во фармацијата за време на Ковид кризата и воопшто за масовно раширената корупција и масовен рекет како никогаш во историјата од осамостојувањето на Македонија, како и за бруталниот политички прогон на политичките не истомисленици.

Затоа, ослободете ги луѓето, дајте им финансиска оштета за неправедната казна и загубените години од животот, за тортурата и траумите на семејствата, кои никогаш нема да можат да се надокнадат и затворете ја таа тажна и срамна страница на ова поглавје на македонскиот политички прогон на земја која претендира да стане членка на ЕУ, а има толку многу политички прогонети лица. И на злоделата на Заев, чии главен мотив за преспанскиот договор беше моќ за доаѓање до голем материјален интерес преку брутално газење на се пред себе, подржано од надворешни фактори од чии активности денес кога се обелоденуваат се срами и нивниот народ.
Сочувство и до семејството на Игор Југ“, напиша Груевски на ФБ.

13.02.2025 - 20:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега