Бугарин виновен за верижниот судир кај Солун?

 

Под сомнение дека е виновен за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера во близина на Солун, грчките власти објавија дека е приведен еден бугарски државјанин.

Сообраќајката се случила на патот, кој ги поврзува градовите Солун и Верија (Бер). Во несреќата загинаа четири лица, додека 20 се тешко повредени.

 

Според првичните информации станува збор за возачот на камионот кој ја предизвикал трагедијата, во која беа оштетени 40 воизла.

Камионот со кој управувал тој силно удрил во еден автомобил, кој излетал во спротивната лента и директно се судрил со неколку други возила.

По несреќата, бугарскиот државјанин бил во состојба на шок. Во својата изјава во полициската станица тој рекол дека немало знаци на патот дека се вршат градежни работи.

 

Грчката полиција соопштила дека сеуште не се идентификувани загинатите, но според првичните податоци живото го загубиле двајца мажи и две жени. Меѓу повредените, пак, има и едно четиригодишно дете, кое е во тешка состојба.

06.10.2014 - 09:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега