Груевски и Заев договорија продуктивна соработка - што се случуваше на средбата на двајцата лидери

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска се сретна со новоизбраниот претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.

Од Владата на Република Македонија информираат дека двајцата соговорници констатирале дека оваа средба претставува позитивен исчекор во политичкиот дијалог.

 - Соговорниците се договорија во следните денови да продолжи поинтензивна комуникација по однос на прашањата поврзани со обврските од мартовскиот договор, а во контекст на европските интеграции на нашата држава за кои двајцата соговорници изразија целосна посветеност, стои во соопштението од Владата.

 

Груевски и Заев, исто така, изразиле подготвеност и волја за остварување на комуникација по однос на прашањата од државен и национален интерес.

 ФОТО: МИА

 

 

најчитано сега