Трет ден од потрагата по 14-годишната Нина- избегала поради лошите оценки?
Полицијата трет ден трага по 14 годишната Нина Живковиќ која на 22 декември побегнала од својот дом во Ресник. Исчезнувањето во полиција го пријавила нејзината сестра.
Нина последната недела не одела на училиште но се враќала дома.
- Првите резултати од истрагата покажуваат дека побегнала поради лоши оцени. Ние со овој случај се занимаваме многу сериозно и ја бараме за безбедно да ја донесеме дома , велат од полицијата.
Нејзиното семејство преку социјалните мрежи моли за помош да се пронајде девојчето.
Оцени ја веста
24.12.2014 - 17:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа