Титовиот „Галеб“ оди под концесија
Локалните власти на хрватскиот град Риека објавија тендер за давање под концесија на бродот „Галеб“, кој е познат како брод на претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.
Како што јави ХИНА, цената на концесијата за „Галеб“, кој е прогласен за „заштитена културна сопственост на Република Хрватска“, ќе изнесува 10,3 милиони евра за период од 30 години.
Со тендерот се предвидува концесионерот во бродот да отвори музеј со површина од 507 метри квадратни, како и рекреативен објект, хостел, ресторан, конгресен центар и бар.
Крајниот рок за поднесување на понуди на тендерот е 24 март.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа