Акција на турската полиција против осомничени разузнавачи за нелегално прислушување

 

 

 

Турските власти спроведуваат акција против осомничени разузнувачи, кои нелегално прислушувале полицајци од округот Газиантеп, во јужна Турција, соопштија денеска турските медиуми.

Операцијата е насочена само против припадници на разузнавањето. Веќе се приведени повеќе лица, а се очекува на крајот од акцијата нивниот број да изнесува 23 лица, соопштија турските медиуми

 

Електронското издание на весникот „Радикал“ посочува дека твитерџијата Фуад Авни, познат по добрата информираност за ваквите акции, првично ја информираше јавноста за претстојната нова акција на полцијата, овој пат во Газиантеп.

Ова е последна акција против полициски службеници под сомнение за незаконски прислушкувања. Во претходните акции беа приведени неколку десетици полицајци, вклучувајќи и високо позиционирани полициски службеници.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега