ВМРО-ДПМНЕ: Кривичната пријава против Велков е уште еден притисок на СДС
Монтираните кривични пријави на хунтата СДС против нашите градоначалници нема да ги спасат од изборниот пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Кривичната пријава против градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков е уште еден притисок на СДС и излезно сценарио од скандалот во кој полицијата на Спасоски малтретираше активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Она што јавноста очекува се пријави за злоупотребата и мешањето на државата и партијата СДС и очигледото користење на службени возила на Зоран Заев на партискиот митинг во Битола. Обвинителството и партиското судство на СДС молчат. Политичката хајка нема да им успее. Ова е обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една фабрика Герас Цунев по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата, реагираат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа