ВМРО-ДПМНЕ Штип: Ќе продолжиме со работа во населбата Баби
Новата ера за вас, жителите на населбата Баби не започнува сега. Таа започна уште во 2013 година, кога овде почнаа да се реализираат бројни проекти, кои го олеснија животот на сите вас, истакна на денешната прес конференција носителот на Советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов.
-Оваа населба денес е позната по тоа што Локалната самоуправа се вложи во секој сегмент на нејзиното живеење. Овде се подобрија инфраструктурните услови, населбата Баби се поврза со најблиските населби во градот, се инвестираше во унапредување на образованието, се создадоа услови за пензионерите, младите, спортистите, потенцираше Јорданов.
Тој додава дека и во наредниот период ќе продолжат со овој интензитет.
-Работата на Локалната самоуправа нема да запре овде, а тоа ќе го докажеме преку доградба на ООУ „Славејко Арсов“, асфалтирање на улиците “Крушевска Република“ и “Кирил Пејчиновиќ“ и опремување на детската градинка во населба Баби, затоа што Секогаш Работа не е само наше мото, туку и наша карактеристика, истакна Јорданов.
Носителот на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Иван Јорданов, оваа пригода ја искористи да ги покани жителите на населба Баби на митинг во 19:00 часот во центарот на населбата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа