Дамчевски најави низа проекти: Реализацијата на програмата ќе донесе економски препород на Крушево
Граѓаните на Општина Крушево, заслужуваат да живеат во модерна, просперитетна и економски развиена општина во која ќе бидат задоволени сите нивни потреби, изјави денеска кандидатот за градоначалник на општина Крушево од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Дамчевски.
Вели дека програмата која ја нуди е реална, остварлива, изработена во непосредна соработка со граѓаните водејќи сметка за нивните потреби, барања и приоритети. Според него, нејзината реализација ќе донесе подобар живот и економски препород на општина Крушево.
-Развојот на економијата беше и останува наш најзначаен приоритет. Ќе изградиме инфраструктура во индрустриската зона „Опаленик“ преку изградба на атмосферска и фекална канализација со пречистителна станица во должина од 1км до Крушевска река. Со реализација на проектот за зафаќање на дополнителни извори на вода од Бушова Планина со издашност од 5л/с, еднаш засекогаш ќе го решиме проблемот со водоснабдување во Крушево по природен пат. 3.Ќе продолжиме со реконструкција на секундарната водоводна мрежа во градот, со цел намалување на загубите на вода. Во Крушево ќе изградиме нова спортска сала со стандардни димензии до веќе постоечката, најави Дамчевски.
Потенцира дека ќе се изгради атмосферска и фекална канализација во селата Норово, Свето Митрани и Бучин.
-Ќе го реконструираме регионалниот пат Кривогаштани – Крушево во должина од 18км. Нов асфалт и реконструкција на регионалниот пат Стопанство – с. Алданци – с. Норово. Ќе го изградиме локалниот пат Борино – Житоше во должина од 2км. Со цел подобрување на условите во образованието, ќе извршиме комплетна реконструкција на училишната зграда и доградба на две училници во с. Саждево. Ќе извршиме комплетна реконструкција на спортската сала „Војвода Ѓорги Стојанов“ во рамките на проектот „Кругот на адреналинот- развој на авантуристичкиот туризам во Крушево“, со изградба на bouldering ѕид и поставување на киосци за продажба на сувенири на Гумење. За подобрување на водоснабдувањето ќе изградиме цевковод од регионалниот водовод Студенчица до с. Саждево со можност за приклучок и на с. Јакреново како и резервоари за вода во с. Борино и с. Белушино, посочи Данчевски.
Вели дека ќе бидат изградени 3 спортски терени во селата Свето Митрани, Алданци и Саждево. Дамчевски најави и асфалтирање на улици во должина од по 1 километар во Саждево и Алданци.
-Ние имаме визија и подготвен план кој ќе донесе просперитет на нашата општина. Нашиот тим знае како до реализација на овие проекти. Го трасиравме вистинскиот пат за економски препород на нашата општина. Заедно со Вас, посветено и неуморно продолжуваме да работиме за да ја направиме општина Крушево уште поубаво место за живеење, општина каква што сакаме и заслужуваме. Секогаш работа. Секогаш Крушево. Секогаш Македонија, нагласи Дамчевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа