Георгиевски: Гази Баба заслужува одговорна локална власт
Гази Баба и нејзините граѓани заслужуваат одговорна, отворена и услужна локална власт. Да го отвориме патот на соработка, почитувањето и одговорноста зашто само така ќе го отвориме и патот на нашата заедничка и поубава иднина, изјави денеска кандидатот за градоначалник на оваа општина од СДСМ Борис Георгиевски.
Георгиевски најави дека од маргинализирана, ќе создадеме општи за пример во Република Македонија.
- Време е на еден достоинствен начин да се избориме и за животот, слободата и напредокот во општина Гази Баба. Исправени сме пред конечната одлука на 15 октомври, одлука која го отвора патот кон една слободна, современа и напредна општина, да ги заокружиме промените на локално, како што се случија на централно ниво, рече кандидатот за градоначалник.
Осврнувајќи се на денешниот празник, Георгиевски нагласи дека пред 76 години македонскиот народ го крена својот глас за слобода.
- Ова е ден на кој се сеќаваме, а во чест на борците се поклонуваме. Тие се оние кои треба да бидат пример за тоа како се сака и почитува слободата и правдата, истакна Георгиевски и побара поддршка од граѓаните на претстојните избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа