Груевски на средба со амбасадорите на САД, државите членки на ЕУ и НАТО, посочени низата прекршувања во текот на кампањата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес оствари средба со амбасадорите на САД, држави членки на Европската Унија и НАТО во Република Македонија. Тема на разговор беше изборната кампања, и нејзиниот тек, се вели во партиското соопштение.
-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше истакната потребата од спроведување на фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции, стои во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување на фер и демократски избори и создавање на демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.
-Неминовно е власта да престане со злоупотребите на државните институции, со цел запазување на демократијата. ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека претстојните локални избори мора да бидат по највисоките стандарди, со цел Република Македонија да продолжи да чекори по патот кон ЕУ и НАТО, се наведува во соопштението испратено до ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа