Грикрепортер: Договорот со Грција ќе донесе милионски инвестиции од ЕБОР во Македонија

 

Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Пјер Хелброн, на деловната конференција во Блед, Словенија изјави дека од идната година оваа Банка драстично ќе ги зголеми средствата за Македонија и Грција, пренесува Ројтерс, објави  Грик репортер.

Тој не кажал детали, но се очекува тоа да се проекти за прекугранично поврзување, како што се гасот и транспортниот сектор.

Грција лани доби 630, а Македонија 50 милиони евра, но Хелброн рече дека за шесте земји од Западен Балкан заедно ќе бидат доделени по 900 милиони евра во следните 3 години. Доколку средствата бидат распределени рамномерно според бројот на жители, тоа значи дека 128,5 милиони евра на секои 1 милион жители од регионот или 257 милиони евра на 2 милиони жители во земјава за 3 години.

Според тоа, од овие 2,7 милијарди евра, стотици милиони евра би требало да бидат за Македонија.

Хелборн исто така истакнал дека позитивниот исход во однос на Договорот за мето значително би го зголемил интересот на нивните инвеститори на Балканот.

-Ова може да одблокира многу проекти. Обете страни очекуваат овој потенцијален политички успех да се претвори во конкретни иневстиции, изјавил Хелборт за Ројтерс, пренесува Грик репортер.

Но, позитивниот исход од референдумот се очекува да даде дополнителен поттик, со тоа што овој просечен износ би можел да се зголеми барем до 500 милиони евра.

Тука особено се истакнува дека во последните години од владеењето на Груевски ЕБОР не сакаше да инвестира откако се појавија сомнежите за милионски провизии, како оние од кинеските кредити за двата автопати Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Во тој период кинескиот партнер на претходниот режим, “Синохидро”, беше под санкции на Светската банка заради корупција при зделки своите зделки во светот. Поради тоа големите глобални инвеститори, како ЕБОР, не гледаа со благонаклоност на земјите кои и покрај санкциите врз “Синохидро” и понатаму соработуваа со оваа кинеска фирма.

 

 

 

12.09.2018 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега