ФОТО: Полнете реервоари - ова се новите цени на бензините кои веќе важат

 

Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, дизелот за денар и половина, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 3,50 ден и изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден и изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 ден/кг и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 37,414 ден/кг.

Новите цени на горивата ќе важат од полноќ. Полнете резервоари без нервози.

 

 

 

30.10.2018 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега