Супер вест за возачите: Драстично се намалуваат цените на горивата

 

Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергтеика Марко Билсимовски.

Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53 ден/лит. 

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 денари за литар.

– Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави Бислимовски.

 

 

 

12.11.2018 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега