Супер вести: Во понеделник историско намалување на цените на горивата
Цената на суровата нафта е во слободен пад. Тоа за возачите во Македонија се одлични вести. За помалку од 2 недели, цената е пониска за 10 долари за еден барел, што гарантира големо, можеби и историско намалување на малопродажните цени на горивата во Македонија.
За очекување е секој од дериватите да поевтини за околу 5 денари по литар, доколку Регулаторната комисија за енергетика се држи до пресметките.
Поевтинување имаше и пред 2 недели и тоа од 3 до 4,5 денари по литар во зависност од горивата.
23.11.2018 - 13:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа