Вработете се во Секретаријатот за европски прашања
Секретаријатот за европски прашања објави оглас со кој вработува 13 државни службеници на различни позиции. Во огласот се бараат 10 раководители, помлад соработник и двајца советници.
Огласените позиции се за помошник-раководител на сектор за информатичка и комуникациска технологија и архивско работење за плата во нето-износ од 31 414 денари, за раководители на одделението за јазична ревизија и терминологија, на одделението за буџетска контрола, на одделението за програмирање на европски фондови и на одделението за внатрешен пазар и конкуренција и на други одделенија за нето-плата од 28 286 денари.
Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на огласот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа