Нова цена на безнинот и дизелот во Македонија

 

Поминаа две недели од последната промена на цената на горивата, а веќе денеска напладне се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени, кои ќе важат од полноќ, односно веќе од Вториник.

Со последната промена имавме поскапување за 0,5, односно 1 денар на бензините, додека цената на дизелот остана иста.

ЕУРОСУПЕР БС 98-ца сеуште до полноќ се точи по цена од 64,50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 62,50 денари за литар, а дизелот е 60 денари.

Останува да видиме дали РКЕ ќе ги зголеми или намали цените.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2019 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега