Нов протестен марш во Кочани: Ќе се бориме до крај за правда за нашите деца
Семејствата на трагично загинатите млади во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани најавуваат нов протестен марш, кој ќе се одржи оваа сабота. Маршот ќе започне точно во 16:05 часот, симболично во времето кога се случи трагедијата, од Градскиот парк во Кочани.
Учесниците ќе се движат по утврдена траса која вклучува клучни институции: трговскиот центар, зградата на Општина Кочани, локалната полициска станица (МВР Кочани), како и Основниот суд.
Со овој марш, родителите и блиските на жртвите сакаат уште еднаш гласно да ја изразат својата болка, но и револт поради, како што велат, бавната постапка и недостигот на одговорност за слученото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа