Нови цени на горивата: Од утре ќе возиме поскап бензин и дизел
Регулаторната комисија за енергетика, денеска околу пладне треба да ги соопшти новите цени на нафтените деривати. Според движењето на цените на берзата во Лондон, извесно е дека од утре ќе возиме поскапо гориво.
Пред две недели, регулаторот определи дека просечната цена на барел нафта на лондонската берза била над 62,6 долари за еден барел.
Во моментов, барел нафта се купува за 65,8 долари, а максимумот беше достигнат претходната недела кога еден барел чинеше над 67,2 долари.
Во вакви услови треба да очекуваме поскапување за 2 до 3 денари по литар.
04.03.2019 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа