Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот
Бензините поскапуваат за 2 денари по литар. Од полноќ, дизелот ќе биде поскап за 1 денар. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика на својата седница.
Според тоа, од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се точи за 64,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 66,5 денари.
Литар дизел од полноќ ќе чини денар поскапо и ќе се продава по цена од 61 денар.
04.03.2019 - 12:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа