Заев и Анѓушев во ЕуроНикел Индустри па на трибина - „Силна економија – шанса за сите“
Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска ќе го посетат комбинатот ЕуроНикел Индустри, поранешен ФЕНИ.
За време на посетата, Заев и Анѓушев ќе бидат придружувани од директорот на матичната компанија на ЕуроНикел, ГСОЛ, Маркос Камхис, како и од директорот на ЕуроНикел Индустри, Герасим Кујунџиев.
Премиерот и вицепремиерот потоа ќе учествуваат на економската трибина „Силна економија – шанса за сите“ во Кавадарци на која, како што најави владината прес-служба, ќе дебатираат заедно со граѓаните.
06.03.2019 - 08:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа