Средби на бизнисмени од земјава, Косово и Албанија

 

Стопанственици од земјава, Косово и Албанија ќе имаат можност да ја продлабочат својата соработка на Регионалниот Б2Б настан во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија што денеска ќе се одржи во Скопје.

На настанот, на кој се предвидени два панели „Олеснување на трговијата преку институционална соработка меѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“ и „Можностите за соработка, инвестиции и заеднички пристап на регионалните пазари и пошироко“, панелисти ќе бидат директорите на царинските управи и претседателите на стопанските комори од трите земји.

Обраќање нa отворањето на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега