Ангеловска: Ќе се прави ребаланс на буџетот, засега нема проекции колкав ќе биде буџетскиот дефицит

 

Во денешното гостување на ТВ 24, министерката за финансии, Нина Ангеловска најави дека Министерството за финансии подготвува ребаланс на Буџетот.

-Буџетот е ликвиден да ги извршува своите основни обрски. Се тече нормално, субвенциите ги исплативме, повратот на ДДВ е за 26 проценти поголем од лани од април, плати, пензии, социјална помош, се тече нормално. За ребаланс, ние почнавме со изработка на ребаланс- рече Ангеловска.

Вели дека проекциите на Министерството за финансии за падот на економијата оваа година е -3,4 отсто и е во линија со проекциите на другите институции.

Во однос на буџетскиот дефицит, пак, рече дека засега нема проекции колкав би бил тој.

-Секако дека при проекцијата на ребалансот, при прекројувањето ги земаме предвид сегашните проекции кои ги имаме направено. Тие предвидуваат најголем пад во вториот квартал, одредено забавување, одредено опоравување да почне во третиот квартал, а веќе во четвртиот квартал одредено позитивно раздвижување на економијата. Во однос на дефицитот, тоа ќе зависи од нашето сценарио коешто ќе го вградиме во ребалансот на приходната страна. Односно, знаете дека нашите сценарија предвидоа извесен пад на приходната страна, но сега, откако ја имаме реализацијата за април, дали падот на приходната страна ќе се движи меѓу 10-15-16 проценти – тоа ќе покажат анализите кои се работат овие денови, рече Ангеловска, додавајќи дека според проекциите на ММФ, дефицитот ќе биде 6 отсто.

Според неа, дефицитот и во останатите земји ќе биде помеѓу 5 и 7 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега