Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер

 

Наќе Георгиев, поранешен врховен судија кој беше осуден на затворска казна поради примање мито, сега е ангажиран како магационер во приватна фирма, пренесува „Скопје1“.

Овој ангажман му овозможува преку денот да биде надвор од затвор, додека вечерите ги поминува во казнено-поправна установа.

По нешто повеќе од една година помината во затвор од вкупната тригодишна казна, Георгиев бил преместен од затворот во „Скопје“ во струмичкиот затвор, каде што редовно користи затворски поволности.

12.05.2025 - 17:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега