Карлеуша оди во Америка за да го врати профилот: Ќе се сретне со претставници од Инстаграм
Српската пејачка Јелена Карлеуша најави дека наскоро ќе одржи состанок со претставници на Инстаграм во Соединетите Американски Држави поради затворањето на нејзиниот профил. Нејзината цел е што поскоро да го врати пристапот до таа социјална мрежа и таа ги презема сите потребни чекори за да го оствари тоа.
„Денеска се навршуваат три месеци откако беше згаснат мојот Инстаграм. За неколку дена ќе се сретнам со претставници на Инстаграм во склоп на META во Америка, заедно со моите правни застапници. Во случај да не го вратам профилот, ќе морам да отворам нов и да почнам од нула. Наскоро ќе бидете известени“, објавила пејачката на социјалната мрежа Икс.
Карлеуша имаше повеќе од два милиони следбеници на својот инстаграм-профил, а нејзиниот профил беше затворен откако Здружението Еко стража покрена петиција за негово отстранување.
Од Еко стража претходно порачаа дека им е познато дека профилот е отстранет поради прекршување на упатствата на META, но дека немаат увид во сите детали. На крајот, им се заблагодарија на сите што учествуваа во пријавувањето на содржината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа