ВИДЕО: Четворица Срби загинаа во сообраќајка во Германија
Четворица српски државјани загинаа во сообраќајкаво Германија, откако нивното „БМВ“ удри во приколката на камион со унгарски регистарски ознаки, а причината за несреќата се уште ја утврдува германската полиција.
Четворица патници од автомобил „БМВ“ на возраст од 27, 31, 32 и 44 години претрпеле ужасни повреди, и починале на местото на несреќата. Нивниот автомобил бил целосно уништен, а како што објави портпаролот на германската полиција, сите тие имале германско државјанство.
Возачот на камионот (41), инаку унгарски државјанин, не бил повреден, но поради несреќата паднал во состојба на шок, поради што бил однесен со брза помош, пишува порталот pnp.de.
Возилата што учествувале во несреќата биле запленети за понатамошна истрага од Инспекцијата на сообраќајната полиција Регенсбург заедно со обвинителството.
Два хеликоптери слетаа на местото на несреќата што се случи вчера, а повикани се сообраќајни експерти со цел што побрзо да се разјаснат причините за несреќата. Според првите информации, на патот немало траги од сопирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа