„Само чекав се да се сруши“ - сведочење на исплашена жена по земјотресот во Црна Гора
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтерова скала ја погоди синоќа Црна Гора со епицентар седум километри североисточно од населбата Крушевице во Херцег Нови, а Душанка П. за порталот Курир.рс изјави дека се исплашила и дека само чекала се да се сруши.
Душанка П. рекла дека само што заспала се почнало да се ниша.
-Скокнав и успеав да го фатам телевизорот кој почна да паѓа од комодата. Ми се чинеше дека се тресеше барем половина минута, колку се исплашивме, рекла Душанка.
-Целата куќа се нишаше што само чекав се да се сруши на нас, додава таа.
Како што вели таа се уште се сеќава на големиот земјотрес во 1979 година.
-Цела ноќ не спиев, домашните после еден час отидоа да спијат, а јас седев и чекав дали ќе има уште потреси. На среќа немаше и не беа толку силни да ги почувствувам. Утрово ја прегледавме цела куќа и не забележавме штети, а ниту кај соседите, рекла Душанка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа