Пронајдено тело на мртов маж во морето во Задар- полицијата се сомнева дека се работи за убиство
Околу 1 час по полноќ, полицијата добила пријава за тепачка во морето во близина на светилникот во Селин кај Задар.
Полицајците веднаш по добивањето на пријавата излегле на местото на настанот, каде биле пронајдени две лица, а врз основа на собраните информации, се дознало дека во настанот учествувало друго лице, кое не е пронајдено. Полицајци и пристанишната управа започнале потрага по лицето по копно и море, објави полицијата, пишува Индекс.
По широкото пребарување на местото на настанот, околу 6 часот во морето, на растојание од околу 800 метри од брегот, било пронајдено тело на маж со повреди што укажуваат на насилна смрт.
Уапсени се две лица
Полициските службеници спроведуваат истрага на местото на настанот. Телото на мажот е пренесено на Одделот за патологија во Општата болница Задар, каде што денеска ќе биде извршена обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.
Според претходните информации, станува збор за насилна смрт. Полицијата работи на расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа