Се огласи и режисерот кој бил нападнат од Бјелогрлиќ

 

Утринава одекна веста за приведувањето на актерот Драган Бјелогрлиќ под сомнение дека го нападнал режисерот Предраг Антонијевиќ во еден хотел во Ниш.

-Во голем шок сум. Тоа мене да ми се случи, во мојот роден град, на филмски фестивал. Седев на троседот со колегите, разговаравме. Ми дојде зад грб, не успеав да се бранам. Беше во видна алкохолизирана состојба, можеби и дрогиран. Непресметливо се однесуваше, тврди режисерот за Блиц.рс.

Антонијевиќ верува дека нападот може да биде поради две причини.

-Една е корупциската афера која ја открив и поради која сега сме на суд, а втора е тоа што тој е голем противник на филмот „Дара од Јасеновац“. Ова е омраза која се искажа на најлош начин, вели Антонијевиќ.

Дел од српските медиуми објавија видео снимка за која велат дека е наводниот напад.

23.08.2021 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега