Стармер од Тирана: Путин е тој што ги одолговлекува работите

 

Она што се случи денеска е доказ дека Путин е тој што ги одолговлекува работите и предизвикува одложувања на прекинот на огнот. Мора да имаме санкции бидејќи Путин ја продолжува својата агресија на овој начин, изјави британскиот премиер Кир Стармер, на заедничката прес-конференција во Тирана, со неговиот албански колега Еди Рама.

-Веќе неколку месеци Украина е јасна во однос на прекинот на огнот. Путин беше агресор и го попречува мирот, ова е Русија и тој е Путин. Ова е доказ за она што го реков, Путин е тој што ги влече работите надолу, рече Стармер околу неучеството на рускиот претседател Владимир Путин, на мировните преговори денеска во Турција – објавија албанските медиуми.

Од своја страна, Рама, откако иронично кажа дека ни најмалку не чувствуваат носталгија, што „ниту еден руски претседател или премиер не стапнал во Албанија и никој од тука не одлетал во Русија“ ја повтори поддршката на неговата земја за Украина.

Во неговиот познат стил тој одговорил и на прашањето на британски новинар, за двајцата премиери, дали разговарале за прифатни центри за мигранти во Албанија „Ние сме верни на бракот со Италија, а останатото е љубов“.

-Бев јасен уште од првиот ден кога го започнавме процесот со Италија, тоа беше единствен договор со Италија поради нашиот посебен однос, но и поради географската положба што е доста значајно. Да бидам искрен со вас, многу земји прашаа, а ние рековме не. Ние сме верни на бракот со Италија, а останатото е љубов – рече Рама.

Неговиот гостин изјави дека за ова прашање разговарале со голем број земји, и оти истото го гледа како иновативно и важно прашање.

-Тоа што сакам да го направам е да го зголемам бројот на овие центри за реадмисија. Работата што ја направивме со Албанија, со потпишаните договори, е од витално значење. Мило ми е што ги покривме празнините и вративме 24 илјади албански граѓани кои дојдоа нелегално – додал тој.

И двајцата оценија дека е вистинска привилегија што за првпат во посета на Албанија е британски премиер, што е „доказ за силните односи што постојат меѓу двете земји“.

15.05.2025 - 17:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега