Поради лошите временски услови, двата авиона со останките на жртвите не полеаа од Софија
Поради лошите временски услови на софискиот аеродром и силниот ветер, се уште не полетале двата воени авиона со посмртните останки на 45-те загинати македонски државјани, јави дописникот на МИА од Софија.
Се очекува авионите да полетаат најрано за 30 минути, но тоа ќе зависи од метеоролошката ситуација, изјави за МИА во Софија дипломатски извор кој сакаше да остане анонимен.
Претходно од македонската Влада за МИА потврдија дека слетувањето на авионите се очекува за околу еден час.
03.12.2021 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа