Словенија: Kомбе со мигранти бегајќи од полицијата во удри во семафор, има и загинати

 

Брканица со автомобили во центарот на Љубљана заврши трагично, откако комбе, за кое се претпоставува дека превезувалo шест мигранти, удрило во семафор, а еден од патниците загинал, јави агенцијата СТА.

Локалната полиција соопшти дека се обидела да запре комбе на автопатот источно од главниот град. Возачот одбил да застане и почнала потера низ Љубљана, по што се завршило со несреќа во центарот.

Првичните информации говорат дека возачот е од Косово и Метохија, а илегално превезувал мигранти. Тој е приведен.

20.12.2021 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега