Рама до Бугарија: Имате проблеми со мојот начин на изразување? Или кренете го ветото или ќе ме трпите

 

Бугарското министерство за надворешни работи реагираше на начинот на изразување на албанскиот премиер Еди Рама.

МНР на Бугарија обвини дека Рама користел навредливи квалификации во начинот на зборување, а на тоа реагираше и премиерот на Албанија.

„Бугарското МНР има проблем со мојот начин на изразување! И јас имам проблем со начинот со кој Бугарија сака да ги реши билатералните проблеми при што киднапира две земји на НАТО. Лесно е пријатели: Кренете го ветото или ќе ме трпите“, напиша Рама.

24.06.2022 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега