Борисов повика: Да го финализираме „францускиот предлог“ за Северна Македонија
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов кажа дека се надева на финализирање на договорот меѓу Бугарија и Македонија.
Борисов кажа дека прашањето за Македонија го разгледувала и Извршната комисија на неговата партија ГЕРБ.
„Им посакуваме успех на колегите во Софија да го финализираат предлогот за да може да кажеме дека француското претседателство направи многу“, кажа Борисов.
01.07.2022 - 10:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа