ФОТО: Македонка повредена во стравична сообраќајка со диви свињи кај Солун
Грчките медиуми пишуваат за стравична несреќа која се случила во Грција, при што две лица се загинати, а уште четири се повредени од кои една е Македонка.
Полициски возило управувано од 42-годишен полициски службеник, со кој биле уште двајца негови колеги се судриле со чопор диви свињи.
Во инцидентот учествувало и друго возило управувано од 56-годишна Македонка, која е повредена заедно со нејзиниот сопатник.
Во целата несреќа учествувало уште едно возило во кое биле две лица, кои го загубиле животот.
12.07.2022 - 09:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа