ВИДЕО: Голем пожар во близина на Атина - се евакуира населението
Голем пожар се приближува до куќите на периферијата на грчката престолнина Атина, а ветерот ги шири пламените јазици, поради што властите наредија евакуација на населението.
Темни облаци на дим се кренаа на небото на околу 27 километри од центарот на Атина, а околу 78 пожарникари со помош на 16 авиони и 22 пожарни се обидуваат да го запрат пожарот.
Според зборовите на пожарникарите, огнот не им се заканува директно на куќите, но тешко може да се контролира.
Wildfires threaten houses near Athens. #Greece #φωτια pic.twitter.com/uEr0yZ2t1A
— Savvas Karmaniolas (@savvaskarma) July 19, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа