Прва жртва во големиот пожар во Словенија

 

 

Во Словенија, долж границата со Италија, се уште се борат со пожарот кој досега зафатил повеќе од 2.000 хектари и според некои проценки е најголемиот досега забележан во Словенија.

Синоќа пожарот ја однесе и првата жртва, станува збор за 56-годишна жена.

Пред два дена огнот се прошири од Италија, синоќа беше под надзор, но ситуацијата повторно стана многу сериозна, јавуваат тамошните медиуми.

На три села во атарот на пожарот (Војшчица, Темница и Роман), каде живеат околу 400 жители, со одлука на цивилната заштита наложено им било да се евакуираат, иако пожарот се уште е доста далеку од самите населени места, но областа е опасна за животот бидејќи е опкружена со густ чад, пренесуваат агенциите.

22.07.2022 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега