Бектеши: Kога кажуваме 7 до 10 отсто, да не очекувате 40-50 отсто намалување на цените на производите

 

Ќе има поевтинување на производите, но од 7 до 12 отсто, потенцираше денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. 

Според него, не е точно дека нема намалување на цените на производите и дека некои производи кои не се намалени не се наоѓаат во групата на производи кои треба да поевтинат.

„Затоа ве молам кога кажуваме 7 до 10 посто да не очекувате 40-50 посто намалување, тоа не е возможно да се случи моментално. Ние сме кажувале во континуитет дека тоа намалување ќе биде од 7 до 12 посто. Проверете ги цените колку биле претходно проверете ги новите достави што се даваат од домашните производители кон супермаркетите низ државата и ќе видите дека трендот се случува. Дополнително ќе се случи и од други производители откако ќе им завршат залихите“, изјави министерот Бектеши.

14.12.2022 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега