Курти: Француско-германскиот предлог е основен, а не конечен договор

 

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека европскиот предлог, кој е познат како француско-германски предлог, е рамка за основен договор меѓу Косово и Србија, а не конечен.

-Тоа не е конечен, туку е рамковен, основен договор. Овој договор, кој има цели параграфи и реченици кои се преземени по моделот на двете Германии, сепак е само основен договор, а не правно обврзувачки договор, што ни треба, рече Курти на седницата на косовското Собрание.

Тој рече дека за постигнување договор е потребен долг процес на преговори и дека не може да има конечен договор без меѓусебно признавање.

- Она што ни треба е взаемно признавање. Не може да има конечен договор без меѓусебно признавање во центарот. Не е финале. Договорот, по моделот на двете Германии, го дели меѓусебното признавање на de facto и de jure. Значи, ако треба да кажеме нешто за предлогот што ни беше понуден, параграфите што беа земени по моделот на двете Германии од 1972 година се ставовите што се однесуваат на тоа фактичко признавање, рече Курти.

Според него, како што пренесува Бета, во преамбулата има пет реченици.

- Во преамбулата се споменуваат националните малцинства, но што ќе се прави со оваа фраза зависи од политичките случувања и од натамошниот преговарачки процес. Како што кажувам уште од септември, овој предлог дава добра основа за понатамошна дискусија и солидна платформа за да се оди напред. Не го одбив предлогот, но реков дека ќе можеме понатаму да разговараме по оваа основа, рече Курти.

Тој додаде дека во изминатите години немало предлози за европски, демократски концепти со универзални вредности.

-Тоа беше она што може да го наречете идеологија за решавање проблеми. Се смета дека имате проблем и треба да го решите на многу посебен начин. Минатиот пристап беше ваков, решавање проблеми, без концепти и универзални категории. Предложениот предлог вклучува универзални категории. Од самиот почеток тоа беа независноста, демократијата, територијалниот интегритет, суверенитетот, самоопределувањето и човековите права. Сите се универзални вредности, вели косовскиот премиер.

- Основниот договор, кој има универзални вредности, го сметам за фер и корисен за Косово, рече Курти.

09.02.2023 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега