Пијани сестри прeтепале две девојки на улица во Бања Лука

 

Четири жени се степале на улица во Бања Лука.

Според информации на „Српска инфо“, полицијата ги уапсила двете пијани сестри М. М. и Л. М. од Бања Лука.

Имено, во надлежната полициска станица било пријавено дека во близина на ресторанот дошло до физички конфликт помеѓу неколку лица.

„Полициските службеници, по доаѓањето на местото на настанот, ги затекнале А. Е., С. К., М. М. и Л. М., од кои А. Е. и С. К. имале физички повреди во пределот на главата и телото“, објаснуваат од полициската управа во Бања Лука.

Повредените девојчиња биле упатени во итната помош во Бања Лука, а потоа во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, каде што им била укажана лекарска помош.

Со извршениот алкотест утврдено е присуство на алкохол кај М. М. во количина од 1,64 промил во организмот, а кај Л. М. 1,32 промил во организмот.

Двете се приведени.

За настанот бил известен дежурниот обвинител на ОЈТ Бања Лука, кој наредил полициските службеници по прибирање на сите факти да поднесат пријава за сторено кривично дело телесна повреда до Окружното јавно обвинителство Бања Лука.

07.04.2023 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега