Ѓоковиќ им се поклони на нишките лекари: Работеа бесплатно и постигнаа голема цел
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ на Инстаграм објави фотографија со аплауз, покажувајќи го своето воодушевување од лекарите од Ниш кои работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции.
По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во кои персоналот на Клиниката за кардиохирургија во Ниш работела без паричен надомест, нивната цел е постигната – листите на чекање повеќе не постојат.
Директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување.
„Листата на чекање од денеска не постои на нашата клиника и ниту еден пациент кој ќе ја помине анестезиолошката амбуланта нема да чека за операција подолго од 5 до 15 дена. Од утре клиниката се враќа во редовниот режим на работа“, напиша директорот на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа