Во Бугарија се одржа марш за мир: „Да останеме неутрални за конфликтот во Украина“

 

 

Во Бугарија се одржа марш за мир и неутралност во однос на војната во Украина.

На маршот во Софија, но и во другите градови низ земјата, беше речено дека Бугарија треба да остане неутрална во однос на конфликтот во Украина.

Настанот го организираа 54 интелектуалци, јавни личности, новинари и поранешни државни функционери, кои имаат намера да соберат доволно потписи за одржување референдум за бугарската неутралност, објави порталот Новините.

Според организаторите, собири се одржале во 36 градови низ државата.

Говорниците одржаа трибина пред Националниот културен центар во Софија и повикаа на неутралност. Собирот помина мирно, со зголемено полициско присуство.

Според организаторите, во главниот град на Бугарија имало околу 12.000 луѓе и тоа бил петти марш за мир и неутралност во таа земја. Следниот марш за мир и неутралност ќе се одржи во Софија на 21 мај.

24.04.2023 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега