Турција потврди: Ердоган немал срцев удар, тоа биле лажни вести
Турција ги отфрли „неоснованите тврдења“ за здравјето на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јави агенцијата Анадолија.
– Категорично ги отфрламе таквите неосновани тврдења во врска со здравјето на претседателот Ердоган. Претседателот ќе присуствува на утрешното отворање на нуклеарната централа преку видео конференција, најави шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Турција, Фахретин Алтун на Твитер.
Тој додаде дека „ниту една дезинформација не може да го негира фактот дека турскиот народ стои покрај својот лидер и оти Ердоган и неговата Партијата за правда и развој се подготвени да победат на изборите на 14 мај“.
Турскиот Центар за борба против дезинформации соопшти дека тврдењата објавени на некои профили на социјалните мрежи дека турскиот претседател Ердоган „имал срцев удар и бил хоспитализиран“ не ја одразуваат вистината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа