„Пукав затоа што сум психопат“ им рекол на полицајците убиецот од Врачар

 

 

По утринската драма во Врачар, полицијата веднаш го приведе осомничениот.

Со лисици на рацете и јакна на лицето беше изнесен од училиштето.

Како што дознава „Информер“, Коста К. бил мирен, не покажувал никакви емоции и не давал отпор при апсењето.

Полицајците му рекле да го спушти оружјето и да ги стави рацете на главата и да легне на подот. Тој ги послушал нивните наредби без отпор. При апсењето изговорил една реченица:

– „Пукав затоа што сум психопат“ – рече тој.

03.05.2023 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега