Српско МВР официјално потврди: Убиени се осум деца и еден чувар

 

Министерството за внатрешни работи на Србија официјално потврди дека во престрелката што утринава се случи во училиште загинати се осум деца и еден чувар.

„Во престрелката што утринава се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар загинаа осум деца и еден чувар, а ранети се шест деца и еден наставник кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Тиршова. Во училишниот двор е пронајден и приведен ученик од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија“- велат од српското МВР за Блиц.рс.

03.05.2023 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега