Приведен таткото на Коста, тинејџерот нема да одговара за делата

 

Ученикот од 7-мо одделение од белградско училиште ОУ „Владислав Рибникар“ Коста К.(13) кој утрово уби 8 ученици како и обезбедувачот на училиштето, а тешко повреди шест ученици, како и наставник, со истрели од огнено оружје, нема да одговара кривично.

Како што објавија српските медиуми согласно Законот за малолетни сторители и казненоправна заштита на малолетни лица, К.К. е кривично неодговорен, бидејќи не наполнил 14 години.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на таткото на ова момче В.К. (48) одредена му е мерка притвор до 48 часа, поради сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност.

Претходно увид на лице место извршија дежурни заменици јавни обвинители на Одделот за општ криминал и Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство Белград, кои наредиле во присуство на вработени од Центарот за социјална работа од К.К. да се земе изјава и да се изврши лекарски преглед, по што Центарот ќе одлучи какви дополнителни мерки ќе преземе.

Во цела Србија е прогласена тридневна жалост, почнувајќи од петок, 5 мај, а завршува во недела на 7 мај, по страотниот напад што се случи во белградското училиште. Наставата денеска нема да се одржува, а утре ќе започне со едноминутно молчење.

03.05.2023 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега