Додик: Јас сум националното богатство на Србите и на Република Српска

 

 

Претседателот на РС, Милорад Додик, се смета себеси за национално богатство на Србите и на Република Српска.

„Мислам дека јас сум националното богатство на Србите и на Република Српска. И не сум вообразен, сериозен сум. Не можам да бидам клониран или патентиран. Мислам дека мојата волја и енергијата што ја вложувам во позицијата на РС ја направи земјата мирна и стабилна“, рече тој.

Додик рече дека денес во овој ентитет има и задоволни и незадоволни, како и секаде во светот, но дека во РС може да се живее и дека се отвораат перспективи и можности за заработка на луѓето.

„Секој што сака да работи денес, може да заработи во Република Српска. Почнав со работа денеска во десет и пол, погледнете колку е сега. И така е секој ден, а некој мисли дека треба да се роди и да има сè, да му падне од небото“, заклучи тој.

15.05.2023 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега