Тошковски: Фросина стана симбол на неправдата

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека случајот на Фросина Кулакова стана симбол на неправдата што трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени, што не смееме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај нѐ потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи“.

„Денес, не сме овде за политички престралки, тука затоа што изгубивме млад живот што не смееше да биде изгубен, трагедија што не е само болка на едно смејство, туку сурово огледало на реалноста во која сите живееме. Оваа трагедија дополнително го разоткри нефункционалниот систем што не успеал да ја заштити безбедноста на граѓаните, систем што дозволувал рецидивисти да бидат на улиците место во затворите и да одзмета човечки животи. Фросина Кулакова не е само име на прекрасна млада девојка, која имаше цели, соништа и живот пред себе, таа стана симбол на неправдата што трае предолго, на системот што дозволува неодговорноста да остане неказнива и на итната потреба за промени, што не смеме повеќе да ги одложуваме. Нејзиниот случај нѐ потсетува и на една горчлива вистина дека во текот на 2024 година изгубивме 142 животи во сообраќајни несреќи“, рече Тошковски.

Вели дека го разбира гневот на јавноста, кој не е само поради една трагедија, туку поради системот што остава простор за неказнивост, селективна правда и луѓе што повеќекратно кршат закони, без последици.

07.02.2025 - 13:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега